среда, 5 февруари 2025

Гренел: УСАИД непромислено трошел милијарди на Западен Балкан

Ричард Гренел, претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, кажа дека „милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации“ за спроведување политики во други земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гренел на социјалната мрежа Икс ја пренесе објавата на локален медиум колку пати Американската агенција за меѓународна помош УСАИД потрошила во државите од Западен Балкан, нарекувајќи го „непромислено трошење“.

„Вредните Американци плаќаат данок – политичарите во Вашингтон ги трошат тие пари непромислено. Милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации за спроведување радикална политика во други земји“, напиша тој споделувајќи го постот во кој се набројуваат трошоците на УСАИД на Западен Балкан.

Во постот на Икс кој го сподели Гренел, се шпекулира со речиси две милијарди долари поделени од УСАИД во земјите од Западен Балкан од 2020 до 2024 година, односно со поголемиот дел од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Наводно во четиригодишниот период на Косово се дадени над 500 милиони долари, во Босна и Херцеговина околу 400 милиони, во Македонија речиси 300 милиони, во Србија повеќе од 200 милиони, во Албанија повеќе од 180 милиони и над 70 милиони за Црна Гора.

По инаугурацијата на 20 јануари Трамп потпиша извршна наредба со која се прекинува американската помош во странство на 90 дена. Тој истакна дека никаква понатамошна американска помош во странство нема да се исплаќа на начин кој не е целосно усогласен со неговата надворешна политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ