сабота, 1 февруари 2025

Грција во 2025 воведува значително повисока туристичка такса

Во Грција стапи во сила одлуката за поскапување на туристичките такси, донесена со цел да се соберат приходи за подобрување на инфраструктурата и промовирање одржлив туризам по природните катастрофи, а поскапувањата ќе бидат за од 50 центи до 5 евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Порталот Шенген њуз објави дека во 2025 година туристите во Грција ќе плаќаат дневен данок од 2 евра наместо досегашните 0,5 евра, а за време на ударниот дел од туристичката сезона, од април до октомври, оваа такса ќе изнесува дури 8 евра.

Според одлуката, во периодот од април до октомври за хотели со една и две ѕвезди и за соби за изнајмување таксата ќе биде 2 евра наспроти 1,5 евро лани.

Надоместокот за хотелите со три ѕвезди ќе се зголеми за две евра, за хотелите со четири ѕвездички 10 евра наместо досегашните 7, а најголемо поскапување има за хотелите и вилите со пет ѕвезди, за кои наместо 5 ќе се плаќаат 10 евра.

За сместување од типот на Ербиенби таксата се зголемува од половина евро на 2 евра во зимските месеци и од 1,50 на 8 евра во летните месеци.

Промените на цените во септември ги најави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, наведувајќи дека очекуваниот приход од 600 милиони евра ќе биде насочен кон фондот за санација на штетите предизвикани од климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ