недела, 22 декември 2024
Министерот Османи информира за една грчка одлука

Грција смени еден сообраќаен знак, а Македонија името, стотици илјади документи и што уште не

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете странии, а во делот на обврските за сообраќајните знаци од Грција информирале дека смениле еден знак.

Фото: МВР

Објавено на

часот

Сподели

„Ние во 95 проценти, ако можам така да кажам, сме ги исполниле нашите обврски. Грција во својот суштински дел, а тоа е поддршката за НАТО и ЕУ интеграцијата, тоа го има испочитувано. Кај нас останаа неколку институции каде надлежноста не е на Владата, на пример МАНУ, МРТ и федерациите. Тоа е што е останато во нашиот дел. Грција има во делот на одредени сообраќајни знаци, дури вчера не информираа дека еден знак го имаат сменето, и три договори коишто не се директно поврзани со Преспа“, рече Османи во гостување на ТВ 24.

Стоеше, како што рече, Скопие, а сега е Скопје, а од вчера мислам се сменети.

„Затоа на тоа што насоките се до градовите, а не до државите, такви се правилата на сообраќајните знаци. Но, отприлика тука сме во исполнувањето од двете страни“, вели Османи.

Доколку има суштински проблеми во имплементирањето на Договорот, како што рече, во кое било време може да побараме да се свика т.н. висок совет што го водат премиерите заедно со дел од министрите.

Во однос на можноста да биде кандидат за претседател на државата, Османи рече дека тоа „зависи од проценките каде е најкорисен“ и оти „остава тоа да се одлучи во структурите на партијата“.

За него, т.н „Хашки случаи“ се апсолутно затворени, а лидерот на ДУИ Али Ахмети, рече, нема да се соочи со неславен крај.

„Јас од медиумите го видов тоа писмо, не сум го видел претходно. Тоа е апсолвирано прашање, бидејќи немало процес во Хаг, а тука е констатирано дека нема основа за процеси“, рече Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ