недела, 22 декември 2024

Грчките медиуми за хрватскиот претседател: „Опасно провоцира во корист на неонацистичките хулигани“

Објавено на

часот

Сподели

Освен што ги пренесоа изјавите на Милановиќ од понеделникот, некои грчки портали поради нив и го нападнаа. Прототема пишува дека Милановиќ дава „провокативни изјави“ и се обидува да се „меша во грчкото правосудство“.

Порталот Њуз брејк објави напис за Милановиќ со наслов „Хрватскиот претседател беспоштедно провоцира во корист на неонацистичките хулигани – опасно го крева тонот“. „Неколку час пред натпреварот меѓу АЕК и загрепски Динамо во Хрватска, во сенка на убиството на Михалис Кацурис од страна на убиствениот одред неонацистички хулигани на хрватскиот тим, Зоран Милановиќ уште еднаш предизвикува пцовки интервенирајќи во корист на притворените навивачи на Динамо и директно ја напаѓа Грција“, пишува овој портал.

Истиот портал потоа објави нов напис во кој ја критикува грчката власт бидејќи не му одговорила на Милановиќ. „Зошто никој не реагира на клеветите на хрватскиот претседател Милановиќ? Наместо да се извини, тој со прст покажува во нас“, гласи насловот на написот во кој пишува: „Ни овој пат никој од владата на (грчкиот премиер Киријакос) Мицотакис не се понуди да го врати претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на неговото место. Раководството на Грција, кое е на одмор, не само што практично не е во состојба да ја заштити државата туку и не реагира дипломатски или како било“.

Милановиќ во понеделникот изјави дека хрватските навивачи во Грција се заробени како да е војна и дека ги третираат како коров и оцени дека постапувањето на грчките власти кон нив нема врска со правото, демократијата и почитувањето на човековите права.

„Тоа не е правна држава! Тие луѓе се третирани како воени заробеници. Да сум јас премиер, ќе размислев што да правам. Не е едноставно. Ова е на граница на воено право. Ги третираат како заробена единица“, изјави Милановиќ коментирајќи го испраќањето на сите хрватски навивачи во истражни затвори низ Грција.

Додаде дека за такво можно сценарио зборувал пред неколку дена плашејќи се дека ќе има „колективна етичка казна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ