среда, 23 октомври 2024

Грчкиот парламент денес гласа за легализација на истополовите бракови

Грчкиот парламент ќе гласа денес за законот со кој се легализираат истополовите бракови. На тоа се противи грчката црква, но поддршка најавија владејачката Нова демократија, главните опозициски партии Сириза и ПАСОК, Курсот на слободата, како и Нова левица, јавува Катимерини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека повеќето Грци ја поддржуваат предложената реформа. Тоа прашање не предизвика длабоки поделби во земјата, бидејќи граѓаните се повеќе загрижени поради високите трошоци за живот, пренесува Асошиејтед прес.

Катимерини, меѓутоа, наведува дека предлог законот предизвикува вриења во ПАСОК и Сириза, односно дека постои можност неколку пратеници од тие партии да се воздржат од гласање.

Претставници на грчката црква тврдат дека легализацијата на истополовите бракови би можела да доведе до идно проширување на правото за сурогат мајчинство за хомосексуалните двојки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ