„Гледам дека кога зборуваат моите бугарски колеги, вие не ставате слушалки. Ајде да направиме експеримент. Зборувајте на вашиот јазик, за нас европратениците, да видиме дали нашите бугарски колеги ќе стават слушалки за да го слушнат преводот на тоа што имате да го кажете. Затоа што дури и многу официјални претставници на вашата земја и министри прифатија дека вашиот јазик е 90% сличен на бугарскиот“, рече Кефалојанис.
Тој повторно го спомена прашањето за употребата на уставното име на Македонија од страна на власта во Скопје.
„Новата влада што се појави по неодамнешните избори во вашата земја продолжува да го користи терминот ‘Македонија’ и ‘македонски’, прекршувајќи го најважниот услов во Договорот со Грција: ерга омнес“, рече Кефалојанис.