петок, 26 јули 2024

Грчката амбасадорка демонстративно ја напушти инаугурацијата на Сиљановска Давкова

Грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа откако новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ја даде заклетвата и наместо да го употреби уставното име „Северна Македонија“ го употреби името Македонија.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Револтирана дека новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска за време на заклетвата наместо „Северна“ го употреби името Македонија, грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду денеска ја напишти собраниската ложа веднаш откако Сиљановска Давкова се заколна дека ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независност Република Македонија.

Филипиду не остана до крај на свечената собраниска седница за да слушне дека Сиљановска Давкова својот говор им го посвети на жените, за кои кажа дека сака да ги инспирира.

„Бидејќи ние жените умееме да се грижиме не само за себе, туку пред сѐ за сите останати…За жал, жените ги нема многу во политиката. Среќна сум што ќе инспирирам други жени. Ако можам да бидам јас претседателка, можете и вие. На Балканот е сѐ уште жив патријархатот, а силните жени може на поинаков начин да ги решаваат проблемите, цврсто верувам во тоа.  Многу храбри жени и умни жени сум видела во овој Парламент, но се чудев зошто ги нема на највисоки позиции. И еве, се случи и тоа. Јас ќе го пробивам патот, ама овде – и од десно, и лево, и среде, гледам многу умни, многу посветени жени кои ќе ги носам во умот и во срцето“, истакна меѓу другото новоизбраната претседателка Сиљановска Давкова.

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ