среда, 4 декември 2024

Грчевски: Има ракометарки кои треба да се запрашаат дали заслужуваат да играат за Македонија

Македонија денеска со убедлив пораз од Унгарија (19-29) го заврши настапот на Европското првенство, селекторот Кристијан Грчевски е разочаран од дел од ракометарките.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската репрезентација одигра одлично прво полувреме во кое беше рамноправна со Унгарија, но во вториот дел имавме голем пад кој на крајот ни донесе убедлив пораз.

„Одигравме одличен натпревар, посебно во првото полувреме кое беше навистина имаше изедначена игра. Можеби малку не потценија, а ние дадовме максимум. Второто полувреме започна малку лошо со деконцентрација во шутевите, промашувавме чисти ситуации кои моравме да ги реализираме ако сакаме да играме против вакви репрезентации, не смеевме да си дозволиме такво нешто“, истакна Грчевски.

Селекторот е задоволен од дел од неговите ракометарки, но е и разочаран од дел од нив.

„Има ракометарки кои покажаа дека заслужуваат да бидат тука, но има и некои кои ќе треба малку да се замислат дали навистина заслужуваат да бидат во репрезентацијата или треба уште да работат да го заслужат дресот кои го носат“, истакна селекторот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ