„И сабота е ден посветен за мојот народ. Уште од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив дирекни средби и телефонски разговор со повеќе од 70 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле нивни контакт на службите во општината. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш уште денес, во зависност од природата на проблемот пристапуваме кон решавање. Она што исклучително ме радува е што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Тоа е само уште еден доказ за нашата посветеност.
Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што е сработено, а и она што допрва доаѓа, најдоброто. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото не можеле никако да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен. Ќе бидам тука цел ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба – во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите им погледнуваме во очи и директно ќе ги решаваме, мојот народ мора да е задоволен“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.