петок, 18 октомври 2024

„Градски рефлексии“ – изложба на фотографии на Рафаел Ристовски

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Ристовски ќе се претстави со циклус на фотографии кои пред се го рефлектираат градот, односно урбаната средина во поралела со природата. Овој контраст е уште повеќе потенциран со употреба на дигитална фотографија со манупулација. Градски мотиви, урбаните пејсажи честопати ги трансформира со употреба на нови медиуми во апстрактни композиции. На тој начин се обидува да го долови дадениот момент не само во самата фотографија, туку и на создаденото визуелно дело. Со разновидните композиции на дела се презентираат разновидни лични дијалози на авторот. 

Рафаел Ристовски ја обработува темата на урбаната природа, со која сме секојдневно опкружени и која на некој таинствен начин ниту не ја забележуваме. Најчесто тежнееме кон природата и таа како еден вид на чистота сакаме да ја пренесеме, односно да ја покажеме нејзината убавина. Авторот ја истражува и има цел да ја покаже градската природа, која е таква, каква што ја создал човекот, простор каде се случуваат голем број секојдневни моменти.

Ликовниот проект е поддржан од Домот на култура „Кочо Рацин“ Скопје / Град Скопје.

Рафаел Ристовски има завршено ДСУЛУД Лазар Личеноски во Скопје,  студент е на УКИМ. Досега самостојно и колективно се претставил во Македонија, Мексико, Турција, Хрватска, Романија, САД….

Се занимава со нови медиуми, фотографија и графички дизајн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ