„Тоа што загрижува е Одлуката на министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај. Состојбата е загрижувачка и за таа цел за утре закажувам прес конференција во 11 часот во просториите на Општина Гази Баба“, информира градоначалникот.
Деновиве преку медиумите со изјави и соопштенија имаше препукувања меѓу градоначалникот и министерството, по што Стефковски изрази зачуденост затоа што од едно соопштение на министерството разбора дека му се одземени ингеренциите врз градинката, кое решение денеска е доставено во Општината.