„Сега ќе повикам јавно, не можам да влијаам на таа одлука, не може ни Град Белград, но мислам дека преместување на Јосип Броз од Музејот на Југославија е исклучително важно за српскиот народ, како и преместување на посмртните остатоци на четири народни херои од Калемегданската тврдина“, наведе тој.
Објасни дека одлуката мора да ја донесе министерството за култура, но вери дека градот ќе помогне да се изврши „квалитетна ексхумација за да се преместат тие тела“, истакнувајќи дека на никој нема да му се расфрлаат коските.
Порача дека благодарение на новата комисија ќе отвори официјална иницијатива за изградба на споменик на четничкиот водач Драгољуб Дража Михаиловиќ во паркот Теразиска тераса, под Теразиска чешма.
Во октомври минатата година во Белград беше отворен музеј посветен на Дража Михаиловиќ. Спомен-собата е сместена во Брегалничка улица, местото во кое се наоѓа семејната куќа на Михаиловиќ, во која живеел четничкиот војвода.
Вишиот суд во Белград со пресуда од 2015 година го рехабилитираше Дража Михаиловиќ, а четничкото движење беше изедначено со партизанското.