Заедно со видеото објавено на Инстаграм вечерта на 8 декември, Станивуковиќ напиша дека полицајците „го тепаат својот народ и го крадат градскиот имот“, како и дека „незаконски уапсиле“ работник во градската управа.
„Режимот ја врши својата тортура врз Бања Лука и нејзините граѓани“, додаде Станивуковиќ.
На видеото може да се видат Станивуковиќ и неговите соработници како се туркаат со полицијата под заштитна опрема.
View this post on Instagram
Од полициската управа на Бања Лука не соопштуваат ништо за овој случај.
Паркингот беше блокиран од петокот, на 6 декември, кога градските власти поставија бетонски бариери на него, а донесоа и противпожарни возила.
Блокадата беше предизвикана од конфликтот меѓу градоначалникот на Бања Лука и властите на ентитетот, кој избувна откако Владата на РС одлучи да го испрати на усвојување до Собранието Законот за буџетски систем, со кој се предлага Бања Лука и Бјелина да добијат помалку пари од ДДВ.
Како реакција, Станивуковиќ го исклучи јавното осветлување пред зградите на ентитетските институции, го блокираше паркингот на Владата на РС, а најави дека ќе се исклучи парното за институциите што имаат долгови кон Бања Лука.
Тој додаде дека ќе стави крај на ова доколку властите го повлечат законот, кој според него е контроверзен, а доколку тоа не се случи, најави нови мерки, вклучително и протести пред институциите на РС.