Се извинувам многу, имав лошо пијанство во комбинација со лекарствата што ги пијам, му кажал Никола Прстенов на градоначалникот Митко Јанчев по телефон откако бил пуштен од полицијата по заканите по живот што му ги упатил синоќа влегувајќи во кафеаната каде со пријатели седел Јанчев.
Градоначалникот го повикал на разговор во својот кабинет, Прстенов повторно се извинил, кажал дека тој е невработен, има деца и разни проблеми.
Јанчев истакнал дека го прифаќа извинуваето, но дека заканите не се прифатливи како однесување, туку низ разговори се решаваат проблемите. Нагласил дека како градоначалник е отворен за граѓаните кои можат во секое време да му пријадат и да ги изнесат своите проблеми и дека ако е можно, тој ќе се обиде да им помогне.
Инаку, полицијата имаше најавено кривична пријава за искажаните закани по живот кон градоначалникот.