вторник, 3 декември 2024

Градежните инспектори му наредија на Мило Ѓукановиќ да ги урне своите дивоградби во Никшиќ

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата порачаа дека нема веќе привилегирани и заштитени, и дека Црна Гора е на вистинскиот пат. 

Во неделата, 2 април, Ѓукановиќ загуби во вториот круг од претседателските избори од кандидатот на Движењето Европа сега (ПЕС), Јаков Милатовиќ.

Урбанистичко-градежната инспекција му нареди на Мило Ѓукановиќ да ги урне неговите дивоизградени објекти , бидејќи се во спротивност со важечкиот Просторно-урбанистички план на општина Никшиќ, соопшти и Демохристијанското движење на Црна Гора, пренесе РТЦГ.

Како што се наведува во соопштението, градежниот инспектор дал рок од 20 дена за извршување на оваа мерка.

„Граѓаните од овој пример можат да видат кој три децении владееше со Црна Гора, кој до вчера беше претседател, а со одредени луѓе од неговото опкружување полни две години, па и повеќе, се занимаваат полицијата, судството и обвинителството. Граѓаните , дури и оние 40 отсто што гласаа за претседателскиот кандидат Мило Ѓукановиќ, сега јасно можат да видат, ако веќе не го направиле тоа, кој го прекршил законот, како го направил тоа и што е најважно, колку Мило Ѓукановиќ ги почитувал црногорските институции, за кои, според неговите зборови, најмногу се залагал, наводно „бранејќи ја Црна Гора“. Ваква очигледно била секоја негова одбрана на Црна Гора“, заклучува движењето.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ