петок, 18 октомври 2024

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата да се почне во лето со решавање на проблемите со аерозагадувањето

Да не зборуваме уште една зима за последиците од аерозагадувањето, туку да дејствуваме! Вака советниците на Зелен хуман град го започнаа образложувањето на иницијативата проблемите со аерозагадувањето во Скопје да се решаваат во лето, а кои предлози се резултат на заклучоците од првото Граѓанското климатско собрание на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Советниците на Зелен хуман, Драгана Велковска и Горјан Јовановски, доставија 19 препораки за намалување на аерозагадувањето во Скопје од првото Граѓанското климатско собрание на Скопје, каде 65 случајно одбрани скопјани заседавале на шест интензивни седници во рамки на ова собрание.

Преку опсежни анализи и соеработка со експерти, граѓаните изработија прецизен сет препораки насочени кон намалување на стапките на загаденоста на воздухот во Скопје, и кон централната и кон локалната власт, велат советниците.

„Предлозите опфаќаат низа мерки, како што се редовна хигиена на улиците, зголемување на урбаното зеленило, подобрување и планско проширување на постоечката велосипедска инфраструктура, како и нормирање на истата, зголемување на бројот на контејнери за селекција на отпад, воспоставување на 24 часовен автоматски, јавно достапен мониторинг систем врз сите емисиони точки во воздухот, промена на сообраќајниот режим низ централното градско подрачје, интегрирање на железничкиот сообраќај во јавниот превоз, транзиција кон енергетска ефикасност за сите јавни објекти и други комплементарни мерки. Реализација на овој сет на мерки е возможна од 6 месеци од денот на усвојување како краткорочни мерки, па сѐ до 6 години како долгорочно решение за еден од најгорливите проблеми на Скопје. Граѓанското собрание беше организирано од страна на ЗИП Инситутот, и претставува вистински пример за директна демократија каде експерти, граѓани и избраници на позиции заедно работат кон општо добро“, се вели во препораките.


Во своето излагање пред Советот на Град Скопје, советникот и еко-активист Горјан Јовановски ја истакна неопходноста за итно преземање на конкретни чекори и потребата за инкорпорирање на овие предлози во програмата за заштита на животната средина на Град Скопје која нема никаква вистинска мерка за борба против аерозагадувањето.

„Проблемот со аерозагадувањето предолго се игнорира, а тоа чини човечки животи. Според последните бројки на ЕУ, во Македонија над 5.000 граѓани годишно предвремено умираат како последница на аерозагадувањето. Затоа, од исклучителна важност е да се најде функционален модел за меѓуинституционална соработка и да се издвојат средства за оваа намена, без понатамошни одложувања и изговори. Ова не е прв пат да се поднесуваат предлози, истото се прави со години, но сега тие доаѓаат директно од граѓаните, и сите оние кои ќе решат да не ги поддржат ќе одговараат пред нив“, рече Јовановски и порача: „Да не зборуваме уште една зима за последиците од аерозагадувањето, туку да дејствуваме“!

Заклучоците од прифатената иницијатива се доставени до градоначалничката на Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ