При извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, било предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било одземено. Таа била задржана во полициската станица Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.