„Пожарот го зафатил приземниот дел од објектот, причинета е поголема материјална штета. Завршен е во 23:15 часот“, информираа од РЦУК Куманово.
Пожарникарите вчера интервенирале и на опожарена сува трева во дворот на напуштена семејна куќа во село Табановце.
Според информациите на ТППЕ Куманово од почетокот на годинава досега имало 45 пожари, претежно на отворен простор.