Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие интервенирале пожарникарите од скопската и од битолската противпожарна служба.
Пожарникарите на Град Скопје од 14.10 до 15.10 часот гаснеле запалено ѓубре на ул.Скупи во Општина Карпош, на површина од 500 м2. Интервенцијата ја извршиле со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.
Во исто време, како што информира ЦУК, односно од 14.11 до 15.15 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на запалена дива депонија во населбата Баир во Општина Битола.