За Гордана Јанкуловска се водеше издвоена постапка во случајот „Тенк“ поради нејзината бременост и породување за време на постапката. Таа беше правосилно осудена на 28 март 2019 година, па набрзо потоа Основниот кривичен суд од Скопје ѝ достави упатен акт за издржување на четиригодишнатa казна затвор. Јанкулоска го обжали решението и доби кратко одложување до средината на летото, односно до моментот кога нејзиното новороденче би наполнило една година.
Јанкуловска на крајот на септември, 2020 година беше спроведена во затворот во Идризово на издржување на затворската казна од 4 години за набавката на мерцедесот во случајот познат како „Тенк“.
Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски посочува дека жените осуденички привилегиите ги користат по потреба.
„Одобрено е за пет жени. Привилегиите ги користат по потреба, на нивно барање“ вели Јовановски.
Откако Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките од женски пол се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“, тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда.
Со измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување, донесен од страна на Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, затвореничките ги добија истите погодности како и машките затвореници.