сабота, 28 септември 2024

Гонзато: И Македонија ќе започне преговори ако ги исполни условите

Процесот на европска интеграција се заснова на заслуги. Албанија дојде до точка каде што земјите-членки се задоволни од напредокот на земјата. Ако Македонија ги исполни условите, ќе започне и преговори, изјавил шефот на делегацијата на ЕУ во Албанија, Силвио Гонзато.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Тирана станува регионален главен град. Според мене, таа го зазема местото на Белград. Што и да кажеме за албанскиот премиер, тој секако е човек со визија“, рече Гонзато.

Додал дека Албанија и Македонија биле поделени на патот кон пристапување во ЕУ и оти првиот преговарачки кластер за Тирана ќе биде отворен овој месец.

„За разлика од другите земји во регионот, Албанија нема план Б за Европската унија. Желбата за евроинтеграции е повеќестрана“, нагласил евроамбасадорот.

Во врска со Коридорот 8, Гонзато одговори дека проектот е врвен приоритет на ЕУ во регионот.

„Од инфраструктурата (од Црно Море до албанското пристаниште Драч) има голема придобивка и за економијата и за безбедноста, како дел од стратегијата на НАТО. Поврзаноста е многу повеќе од само инфраструктура; станува збор за создавање одржливи партнерства кои го поддржуваат мирот, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, оценил тој“, објавија албанскте медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ