Се до 93. минута Емполи беше испаднат бидејќи имаше 1:1 и бод не му беше доволено. Тогаш во третата минтуа од судиското продолжение Нианг искроисти една прилика и донесе победа за својот тим.
Победата над Рома донесе голема еуфорија помеѓу навивачите кои по триумфот втрчаа на теренот.
Покрај Салернитана и Сасуоло, од Серија А испадна и Фросиноне кој на свој терен загуби од Удинезе во директна пресметка за опстанок. Тимот од Удине славеше со 1-0.
Во останатите мечеви кои се играат вчера вечерта, Верона и Интер одиграа 2-2, а Лацио и Сасуоло 1-1.