среда, 5 февруари 2025

Голема потера во Брисел по напаѓачи што пукале со калашникови во метро (ВИДЕО)

Белгиската полиција трага по вооружени лица откако беше пријавено пукање на една од метростаниците во белгискиот главен град.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

На снимката од надзорните камери се гледаат најмалку двајца мажи со фантомки на главите, кои на влезот од станицата Клемансо во Брисел во раните утрински часови и носат пушки од типот калашников и пукаат со нив.

Федералната полиција, како и метрополицијата и други единици, повикаа засилување во областа.

Според првичните информации, нема повредени.

На местото се пронајдени неколку чаури. Најверојатно се работи за инцидент поврзан со дрога, пишува белгиски ХЛН.

Портпаролката на бриселската полиција Сара Фредерикс рече дека осомничените побегнале во метростаницата и можеби сѐ уште се во тунелите на метрото.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ