МЗТ Скопје до првата гостинска победа дојде со храбра игра во текот на целиот меч. Македонскиот тим почна со 8-0 и најави дека во Сплит е решен да победи. Металците водеа во најголемиот дел од мечот и на крајот заслужено дојдоа до големата победа.
Овојпат во главна улога беше братското дуо Стојановски. Војдан постигна 16 поени имаше и седум асистенции, зад него беше Дамјан со 13 поени. Двоцифрени беа и Бурсаќ со 12 поени и Кефи со 10.
За да не испадне на МЗТ Скопје му треба победа во последното коло на домашен терен против Цибона, но и два порази на Борац кој има тешки дуели, дома со Црвена звезда и на гости кај Будуќност.