Стефан Ристовски и соиграчите слават голем успех откако го елиминираа Бетис од Конференциската лига. Шпанскиот тим беше еден од фаворитите за освојување на ова натпреварување, но не ја мина ни првата елиминациска пречка.
Динамо со победа се врати од Шпанија од првиот меч, па денеска требаше само да остане непоразен, што и се случи.
Бетис поведе со гол на Бакамби во 38. минута, во тој момент вкупниот резултат беше израмнет.
Во 59. минута Канеко изедначи на 1-1 што беше и конечен резултат на натпреварот, па Динамо со вкупни 2-1 отиде понатаму.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар.