Модулот сега ќе продолжи да лета во орбитата на Месечината изведувајќи низа тестови, а слетувањето на Месечината е планира на 23 или 24 август. Мисијата Чандрајан-3 почна кон средината на јули и целта ѝ е што повеќе да дознае за неистражената јужна страна на Месечината.
Руската мисија Луна-25 во средата стигна до орбитата на Месечината и се очекува следната недела да слета на јужниот пол. Целта ѝ е да најде смрзната вода на Месечината.