сабота, 19 октомври 2024

Голем пожар на отворено кај Струмица, ветерот ја отежнува состојбата

Околу 13:45 часот во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица избувна голем пожар на отворено при што се зафатени стрништа, сува трева и дрвја. Како што информираа од ТППЕ Струмица, гори површина од околу 20 хектари во должина од три километри покрај реката Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот го гасне ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и девет пожарникари.

„Пожарот е во разгорена фаза, а силниот ветар го забрзува неговото ширење. Моментално е спречено движењето на пожарот кон село Зубово и кон блиските објекти и голем дел од пожарот е под контрола“, информираат од ТППЕ Струмица.

Продолжува гаснењето на пожарот, а екипи на струмичките пожарникари остануваат на терен до целосно изгаснување на пожарот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ