среда, 12 март 2025

Голем напад со дронови на Москва и околината, има загинати (ВИДЕО)

Руското Министерство за одбрана соопшти дека вкупно 337 украински беспилотни летала биле или пресретнати или уништени – во Москва и во девет други региони.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на изминатата ноќ, системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 337 украински беспилотни летала, од кои 91 беа во регионот на Москва и 126 во областа Курск, која граничи со Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

Цел на нападот бил и регионите Брјанск и Белгород кои се граничат со Русија, како и Рјазан, Калуга, Воронеж и Нижни Новгород.

„Најголемиот напад на непријателски беспилотни летала врз Москва е одбиен“, изјави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин преку Телеграм, прецизирајќи дека беспилотните летала ги погодиле селото Сапроново и градот Рамескоје, во поширокото предградие на Москва.

Најмалку едно лице загина, а три се повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер Андреј Воробјев рече дека жртвите се во градовите Видноје и Домодедово, недалеку од главниот град. Оштетени се седум стана во станбена зграда.

Руското тело за контрола на воздухопловството соопшти дека летовите на аеродромите Жуково и Домодедово биле прекинати поради безбедносни причини по извештаите за напади.

Нема коментари од Украина. Киев често вели дека неговите напади во Русија се насочени кон уништување на инфраструктурата клучна за воените напори на Москва и се одговор на континуираното руско бомбардирање на Украина од почетокот на војната пред три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ