петок, 18 октомври 2024

Голем метеор виден на небото во Србија

Над Србија е виден метеор, именуван како болид. Б-92 јави дека вселенското тело било видливо со голо око на небото над Белград, Ниш, Краљево, Врњачка Бања, Чачак.

Објавено на

часот

Сподели

„Над Србија штотуку прелета болид. Тоа е метеор со големи размери и е исклучително светол (како огнена топка). Се движеше многу бавно бидејќи навлезе во атмосферата под остар агол. Телото целосно изгоре во атмосферата! Неговата појава може понекогаш да биде проследена со звук на крцкање поради согорувањето“, објаснуваат од Астрономското друштво Еурека.

Видеа од различни делови на Србија го преплавија интернет-просторот, но има тврдења и дека е виден од Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ