Големиот формат како инспирација се потврдува најмногу во уметноста наменета за екстериер каде остварува динамичен дијалог со светот кој постојано се менува во отворен простор. Делата во голем формат пак, поставени во ентериер го впиваат вниманието на гледачот со својата маркантност и доминација – димензиите во корелација со антрополошките
димензии на консументите, за публиката не оставаат место за дилема, криење или двоумење.
Пропорциите се носители на пораката како и сите основни елементи на визуелниот израз, моќни или пак празни, во зависност од квалитетот на означеното потенцирано со големите димензии.
Настанот е подржан од Министерство за култура и туризам.