сабота, 26 октомври 2024

Голем број возила на Богородица, долги колони утре на Евзони ќе создадат викендашите

Камерата на граничниот премин Богородица за излез од Македонија покажува дека и утрово има зголемена фреквенција возила кои се упатени за Грција. Но, треба да се очекува утре да нема застој на овој премин, но затоа пак, повеќе од сигурно е дека долго ќе се чека за влез во Македонија преку Евзони, имајќи предвид дека огромен број граѓани продолжениот викенд го минуваат на море кај јужниот сосед. Зголемена е фреквенцијата и за влез во Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Камерата на граничниот премин Прешево од српска страна покажува долги колони возила кои ја минале македонската граница кај Табановце и чекаат за влез во Србија.

Фото: Состојба на Прешево утрово

Од АМСМ велат дека е зголемен сообраќајот на патиштата низ Македонија. Сообраќајот се одвиве непречено, на места по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење и почитување на сообраќајните знаци и правил. Се укажува да се внимава особено низ клисурите, поради можност од одрон на камења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ