Српскиот тениски ас релативно лесно го доби дуелот со еден од поголемите ривали од минатото. Ѓоковиќ се испоти само при последниот сет, но тој му донесе изедначување на рекорд на Пит Сампрас.
Ѓоковиќ и Сампрас се тенисерите со најмногу добиени тај-брејкови во серија на грен слем турнири, вкупно 12 по ред. Тоа говори многу за психолошката сила на Србинот. Доколку го добие и следниот тај-брејк, Новак и во оваа категорија ќе стане осамен на врвот.
Во осминафиналето Ѓоковиќ ќе игра со Хуркач кој во три сета го доби дуелот со Мусети.
12 – Novak Djokovic is now the player with the most consecutive Grand Slam tie-breaks won in a single year in the Open Era (12, level with Pete Sampras in 1994). What?!#Wimbledon | @Wimbledon @the_LTA @atptour pic.twitter.com/LT399t1OOB
— OptaAce (@OptaAce) July 7, 2023