Ѓоковиќ загуби со 6-4 и 6-4, но неговите фанови ги мачи нешто друго. Загрижени се поради повредата на зглобот на Србинот која доаѓа пред настапот на Австралија опен.
Новак синоќа го совлада Лехечка, но во фокусот беше неговата повреда поради која двапати добиваше медицинска помош.
Проблемите се префрлија и на денешниот меч каде немаше сили за триумф на Де Минер. Тој ја прекина неверојатната серија на Ѓоковиќ од 43 победи по ред на терените во Австралија.
Сега останува да се види дали Ѓоковиќ ќе може комплетно да ја санира повредата до почетокот на Австралија опен.