недела, 20 октомври 2024

Ѓоковиќ првпат загуби полуфинале на Австралија опен, историски успех за Синер

Новак Ѓоковиќ првпат во својата кариера загуби полуфинале на Австралија опен, Јаник Синер го доби мечот со 3-1 (6-1, 6-2, 6-7 и 6-3) и за првпат ќе игра финале на грен-слем турнир.

Објавено на

часот

Сподели

Перфектната низа на Новак Ѓоковиќ кога ќе стигне до полуфинале на Австралија опен денеска е прекината. Јаник Синер одигра неверојатен меч и заслужено дојде до веројатно својата најголема победа.

Ѓоковиќ лошо го почна мечот, правеше голем број на неизнудени грешки, Италијанецот ги доби првите два сета со 6-1 и 6-2.

Во третиот сет Ѓоковиќ го крена нивото, но Синер остана перфектен на своите сервиси. Мечот отиде во тајбрејк во кој српскиот тенисер спаси и меч топка, го доби со 8-6 и намали на 2-1 во сетови.

Во четвртиот сет клучен беше четвртиот гејм, Новак сервираше, имаше 40-0, кога Синер зема пет поени по ред и направи брејк за водство од 3-1. До крајот на сетот италијанскиот тенисер го задржа брејкот и го доби сетот со 6-3 за конечна победа од 3-1.

За тоа како играше Синер на овој меч, зборува фактот што Новак Ѓоковиќ немаше ниту една брејк топка.

Синер е првиот италијански тенисер кој ќе игра финале на Австралија опен и трет Италијанец кој ќе игра финале на грен-слем турнир во опен ерата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ