Синер имаше одлично отворање на мечот, го доби првиот сет со 6-2 и поведе со 1-0. Ѓоковиќ возврати на ист начин, вториот сет беше негов со 6-2 за изедначување на 1-1.
Интересно беше во третиот, решавачки сет. При водство од 5-4 и сервис на Синер, Ѓоковиќ дојде до 0-40, имаше три меч топки, но не успеа да искористи ниту една. Италијанецот изедначи на 5-5. Потоа Новак го загуби својот сервис, Синер го доби сетот со 7-5 и дојде до победа од 2-1.
Патникот во финалето ќе биде решен по дуелот во двојки во кој ќе играат Ѓоковиќ/Лајовиќ против Болели/Сонего.
Победникот во финалето ќе игра против Австралија.