Џордан Томпсон ги оправда прогнозите дека се работи за одличен тенисер на трева кој може да го испоти Ѓоковиќ. Србинот не загуби сет, но не му беше едноставно.
Првиот сет беше најлесен за Ѓоковиќ, го доби со 6-3 зимајќи еден брејк. Во вториот и двајцата ги добија своите сервиси па се играше тајбрејк кој го доби Новак со 7-4. Во третиот сет Србинот беше подобар со 7-5, исто така со еден добиен брејк.
Во третото коло Ѓоковиќ го чека победникот од дуелот меѓу Вавринка и Ечевери.