среда, 12 март 2025

Годинава фронт за изградба на 67 километри автопатишта

Градежништвото посебно нискоградбата ќе помогне во економскиот развој на државата и очекуваме Македонија да има најголем раст во регионот оваа година, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваме да отвориме 67 километри фронт за нови автопатишта на делниците на коридор 8 и 10 д. Ќе се работи на Прилеп-Битола, на Тетово-Гостивар и Гостивар –Букојчани. Исто така до почетокот на летната сезона да пуштиме во употреба автопат од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај селото Ботун. Очекувам да го пуштиме во употреба и вториот дел од експресниот пат Прилеп –Градско, претходно го пуштивме од Градско до Дреново и имавме една уникатна ситуација која се нема видено во регионот, а тоа е во рок од две недели успеавме да пуштиме три делници и тоа 42 километри експресни патишта и 31 километри пруга“, рече Николоски во изјава за МТВ.

Тој, како што рече, силно верува дека градежништвото и делот на нискоградбата ќе помогне во економскиот развој затоа што многу сектори врзува околу себе и тоа е нешто на што ќе работиме во наредниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ