„Синоќа во 21.20 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат со тврд предмет од својата сопруга М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР и не соопштуваат детали за случајот.
Синоќа во 20.30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријавила дека на 12 мај, околиу 22.30 часот во семејниот дом во скопско, била физички нападната од својот сопруг М.Б. МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така во Скопје маж ја удрил својата вонбрачна партнерка.
„Синоќа во 23.30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена пријавила дека на 22 мај, околу 15.30 часот во семејниот дом во скопско била физички нападната од својот вонбрачен партнер Љ.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
И во Радовиш вонбрачен маж ја удрил својата партнерка.
„Синоќа во полициската станица Радовиш 44-годишна жена пријавила дека на 22 мај, околу 21.00 часот, во семејниот дом во Радовиш, била физички нападната од својот вонбрачен партнер С.Џ.(36) од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.