среда, 12 март 2025

Гнојот во општеството доаѓа од судството, порача семејството на Форсина

Протестот кон кој ќе се приклучиме утре не е против Владата, туку е протест на тагата, вели Росица Кулакова, сестра на загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена пред две недели на булеварот Партизански одреди во Скопје, на пешашки премин, од младиот возач Васил Јованов. Сестрата на 22-годишната Фросина вели дека ѝ се благодарни на Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата. Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да нè поддржува нас како семејство, но и да ги поддржи барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме и од опозицијата“, вели таа во соопштение до медиумите.

На протестот под мотото „Кој е следен“ ќе биде побарано да се променат законите, а протестот ќе заврши пред Апелацискиот суд во Скопје.

„Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде. Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот. Бараме судската власт да престане да ги брани нечесните меѓу нив, а веруваме дека сите судии и обвинители не се исти“, вели Кулакова.

За утре во 16,30 часот закажан е нов протест пред Универзалната сала во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ