недела, 22 декември 2024

Гневна толпа во Пакистан запалила домови на стотици христијани поради наводно сквернавење на Куранот (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пакистанскиот весник Дон пренесе дека се запалени или целосно уништени пет цркви. Британско-азиската христијанска организација, група која се бави со заштита на правата на угнетуваните христијани во Пакистан, пренесе дека гневната толпа уништила преку 500 домови и така оставила „десетици илјади“ христијани без покрив над главата.

Насилството на муслиманите над христијаните во Пакистан, која официјално е исламска држава, е честа појава. Гневните толпи често ги напаѓаат христијаните по тврдења за сквернавење на Куранот, навредување на пророкот Мухамед или религијата генерално.

Исламистите често дивеат и поради светски настани, како пружање поддршка на извршителите на масакрот во редакцијата на Шарли ебдо во Париз 2015 година, или против Франција откако на еден тамошен наставник во 2020 му беше отсечена главата.

Христијаните се често мета на угнетување, а локалната полиција ретко интервенира, особено ако нападите се случуваат поради наводно богохулење.

Кривичниот закон во Пакистан забранува „бласфемија“, а таа може да биде казнета и со смртна казна ако се навредува пророкот Мухамед. Пакистан никогаш во својата историја не погубил лице за богохулење, но толпите по „вонсудски пат“ убиле или тешко повредиле голем број луѓе за наводни злосторства.

Многумина од нив не се обвинети за никакво кривично дело, ниту постојат докази дека богохулењето навистина се случило. Христијаните во Пакистан се несразмерно сиромашни, а некои обвинети за „злосторства“ како пишување на Куранот се неписмени, што ги прави обвинувањата невозможни.

Инцидентите кои почнале во средата биле иницирани кога муслиманите во Џаранвала почнале да го обвинуваат Салим Масих, христијанин за кого се верува дека работи како чистач, дека осквернавил примерок на Куранот.

Како што наведува Британско-азиската христијанска организација, насилството почнало кога исламските функционери од заедницата барале да се организира толпа и да се почне со уништување на христијанската заедница како одговор.

„Погодените региони, вклучувајќи ги Синема Басти и Еса Нагар, биле место на уништување на повеќе од 500 куќи“, наведува организацијата. „Според извештаите на волонтерите на терен, толпа од околу 10.000 луѓе оставила пустош во христијанските градови“.

Пакистанскиот весник Дон пренесе дека свештеници потврдиле палење и грабеж на најмалку пет цркви.

„Сликите на социјалните мрежи покажуваат чад како се крева од објектите на црквите и луѓе кои палат мебел кој од нив е извлечен. Вандализирани се и христијански гробишта, како и канцеларија на локалната влада“, пишува весникот.

Локалната полиција тврди дека се подготвува одговор на насилството. Пакистанската Гео ТВ го цитира министерот за информирање на Пенџаб Амир Мир, кој тврди дека се уапсени „десетици луѓе“ поради учество во немирите и дека полицијата верува дека ерупцијата на насилство не била спонтана.

Џулиет Чаудри, комесарка на Британско-азиската христијанска организација, издаде соопштение во кое ја обвинува полицијата дека не прави доволно за да ги заштити животите на христијаните.

„За жал, се чини дека постои отсуство на органи за спроведување на законите или воен персонал да интервенира за да се спречи и ублажи ова насилство“, кажа таа. „Подеднакво загрижува недостигот од итни служби или невладини организации кои нудат помош или помош во овие страшни околности“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ