недела, 22 декември 2024

Глобалното производство на нафта во јануари драстично падна за 1,4 милиони барели дневно

Глобалното производство на нафта во јануари нагло опадна за 1,4 милиони барели дневно (бпд) до просечни 101,45 милиони бпд, според последниот месечен извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според процените на ИЕА, екстремните мразови во Северна Америка довеле до намалување на производството во САД за 540.000 барели дневно и во Канада за 360.000 барели дневно.

Производството на нафта беше намалено за уште 300.000 барели на ден поради доброволните намалувања на производството на кои се обврзаа членовите на картелот ОПЕК+.

Нападите на јеменските Хути врз бродовите во Црвено Море, исто така, извршија притисок врз пазарот, се додава во извештајот.

ИЕА предвидува дека глобалното производство на нафта ќе се зголеми за 1,7 милиони барели дневно до рекордни 103,8 милиони барели дневно во 2024 година, а 95 отсто од зголемувањето на понудата ќе обезбедат земји што не се членки на ОПЕК+.

Лидери во зголемувањето на производството ќе бидат САД, Бразил, Гвајана и Канада, соопшти ИЕА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ