Вардар освои три големи бода во битката за опстанок, на теренот во Маџари го совлада Работнички со минимални 1-0.
Голот го даде Дарко Глишиќ во 56. минута директно од корнер.
Струга ТЛ се врати на врвот во ПМФЛ откако со 2-1 ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров која има нов тренер, Бобан Грнчаров.
Струга рано дојде до водство со голови на Шабани и Радески, Алија на почетокот од вториот дел погоди за ѓорчепетровци кои се заковани на дното на табелата.
Шкендија одигра без голови на гостувањето кај Брера, а мрежите мируваа и на дуелот меѓу Брегалница и Шкупи.
Гостивар со гол на Елмас во финишот од мечот се спаси од пораз на гостувањето кај Воска која водеше од првото полувреме со погодок на Јусуфи. Мечот заврши 1-1.
Тиквеш со погодок на Робертињо во 20. минута го победи Силекс со минимални 1-0.
Резултати:
Вардар – Работнички 1-0
Брера – Шкендија 0-0
Брегалница – Шкупи 0-0
Струга – Македонија ЃП 2-1
Тиквеш – Силекс 1-0
Воска – Гостивар 1-1
Табела: Струга 45, Шкупи 44, Шкендија 43, Гостивар 30, Тиквеш 29, Силекс 29, Брера 27, Работнички 27, Воска 25, Вардар 24, Брегалница 21, Македонија ЃП 18