петок, 18 октомври 2024

Главната непретапацирана преокупација остана непродадена

Објавено на

часот

Сподели

Веројатно непретапацираната главна преокупација (на тоа семејство што се поднови со нова гарнитура за седење), не е во надлежност на градот, ниту на општината, ниту на работниците од комуналното претпријатие што секој ден поминуваат со камионот и ги празнат контејнерите, зашто тоа е габаритен отпад… Нема што да да прават  инспекциите кога не го затекнале сопственикот за да го казнат што ја оставил непретапацираната гарнитура така незаштитена. Секако не е во надлежност ниту на неформалните собирачи на отпад на кои нешто треба или да им се допадне како потреба, или да има предиспозиција да носи каква таква заработувачка.

И така, гарнитурата остана. И изгледа никому нема да му биде повеќе главна преокупација.

Ех, вечно Скопје.

                                                                                                                              Текст и фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ