„Домаќинство за почетници“ е третиот филм, а прв македонски на македонско-австралискиот автор Горан Столевски. Лани на 6 септември филмот ја имаше светската премиера на 80. Филмски фестивал во Венеција во програмата „Хоризонти“, при што доби одлични рецензии и ја освои една од паралелните награди „Квир лав“. Беше и македонскиот кандидат за „Оскар“, но не влезе во потесната листа за номинација.
Главните улоги ги играат Анамариа Маринка и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредни улоги се македонските актерки Сара Климоска и Ајше Усеини и Розафа Челај од Косово.