недела, 22 декември 2024

Ѓурѓај од Илинден-Тирана учествува на Конгресот на ФУЕН

Претседателот на македонското друштво ,Илинден – Тирана Никола Ѓурѓај учествува на конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) што се одржува во Хусум, Германија. Друштвото со свои претставници веќе девет години, од кога е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на сите конгреси и други активности.

Објавено на

часот

Сподели

„Учествуваме и на овој конгрес чиј домаќин е организацијата на Севернофризите, а ќе трае до недела. Инаку, ФУЕН годинава одбележува 75 години постоење и понатаму останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа“, вели Ѓурѓај.

Тој додаде дека овој јубилеј нема да биде само настан на пресек на она што ФУЕН го постигнал за 75 години, туку и за она што треба да се постигне за да се „гарантира заштитата и промоцијата на малцинските јазици и култури во Европа“.

Ѓурѓај потсетува дека Македонско друштво Илинден од Тирана е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и дел од работната група на словенските малцинства при унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ