четврток, 19 декември 2024
Градоначалникот на Општина Кисела Вода

Ѓорѓиевски: „Граѓаните пред бизнис интересите – Расадник ќе има повеќе зелени површини“

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување на Телма телевизија во емисијата „Топ Тема“ истакна дека новиот начин на управување во општината поставува јасен приоритет, интересите на граѓаните пред интересите на бизнис заедницата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако направиме споредба со минатото, ќе видиме дека начинот на функционирање и донесување одлуки денес е дијаметрално спротивен. Најсвеж пример е Меѓународниот конкурс за Расадник, каде што површината, на која беа планирани 99 згради и која беше пред фаза на усвојување во Советот, е пренасочена и денеска има сосема поинаква визија,“ рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека во проектот за Расадник сега се предвидува зголемување на зелените површини, спротивно на претходните планови, кои значително ја намалувале природата во урбаниот простор.

„Се спроведе меѓународен конкурс за Расадник, каде што зелените површини се зголемени во однос на тоа што било планирано во минатото. Дополнително, поништивме одобренија за градба во Црниче и Пржино, каде што во минатото се изигруваше Законот,“ објасни градоначалникот, укажувајќи на транспарентноста и правната сигурност како основи на неговото раководење.

Ѓорѓиевски исто така додаде дека ваквиот пристап докажува дека е можно да се управува со општина во корист на граѓаните, без да се прават компромиси со нивните права и потреби.

„Ако градоначалникот го насочи својот фокус кон задоволување на бизнис интересите, резултатите ќе бидат како оние од минатото. Сметам дека за изминативе три години покажавме дека може да се функционира поинаку, а тоа го гледа и целата јавност,“ заклучи тој.

Ѓорѓиевски повика на одговорност и јасни политики кои ќе продолжат да го штитат урбаното зеленило и интересите на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ