Лина Ѓорческа со 6-1 и 6-1 ја победи домашната тенисерка Марија Сиопача и се пласираше во следното коло од турнирот кој се игра во Ларнака, Кипар за награден фонд од 25.000 долари.
Во следното коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Италијанката, Паолети и Французинката Јаничијевиќ која е осма носителка на турнирот.
Ѓорческа на овој турнир настапува и во двојки со Лола Радивојевиќ.