Ѓорческа од 20. мај ќе го почне настапот во квалификациите и ќе се обиде за првпат да стигне до главниот турнир на Ролан Гарос.
Ова за неа ќе биде второ учество во квалификациите на Ролан Гарос, првпат настапи во 2017 година.
За Ѓорческа ова ќе биде осмо учество во квалификациите на Грен Слем турнир, а оваа година второ по настапот на Австралија Опен во Мелбурн. Најмногу настапи има на УС Опен во Њујорк.