Поради тоа што е прв носител, Ѓоковиќ беше слободен во првото коло, па неговиот прв меч на турнирот почна од второто коло каде се сретна со австралискиот тенисер Александар Вукиќ.
Ѓоковиќ одлично го отвори мечот, го доби првиот сет со 6-2, но потоа Вукиќ возврати, беше подобар во вториот сет со 7-5 и изедначи на 1-1.
Сепак, Србинот не дозволи изненадување, третиот решавачки сет го доби со 6-3 и дојде до победа од 2-1 во сетови.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Италијанецот Лука Нарди кој со 2-1 во сетови беше подобар од Жанг.