За Ѓоковиќ ова е осмо полуфинале во Монте Карло, но првпат по девет години. Тој е и најстариот полуфиналист на овој турнир.
Ѓоковиќ со еден брејк го доби првиот сет со 7-5, но во вториот сет имаше вкупно седум брејка на двете страни, еден повеќе за Новак кој го доби сетот со 6-4 и ја комплетираше победата од 2-0.
Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од Хумберт и Руд, тоа е последниот четвртфинален меч кој се игра денеска.
Претходно Синер со 2-1 го совлада Руне, Италијанецот во полуфиналето ќе игра со Циципас кој со 2-0 беше подобар од Качанов.